Го изгуби бебенцето и деверот, а мајката од тешката сообраќајка кај Демир Капија остана инвалид


„Тој нечовек уби двајца а жената ја остави инвалид, а од затвор ќе излезе за година дена и ќе продолжи таму каде што застана“.

Ова за српски Курир го изјави Алекандар Маринковиќ од Чуприја, брат на Никола Маринковиќ (24) и чичко на осомесечниот Андрија кои на 28 јули загинаа во тешката сообраќајна несреќа пред Демир Капија. На нив со својот автомобил Форд налета 21 годишниот Рајко Радојковиќ од Ниш. Автомобилот го возеше 34 одишниот Драган Маринковиќ кој ја преживеа несреќата заедно со својата сопруга која долго време беше во критична состојба и има трајни повреди.dragan-marinkovic-marija-marinkovic-1406674971-543015 Радојковиќ три месеци по сообраќајката се спогодил со македонското обвинителство и ќе одлежи 22 месеци во затвор. Семејството Маринковиќ нема право на жалба на оваа одлука. Другата страна: И 22 месеци се голема казна Никола Гавриловиќ (20), кој беше со Радојковиќ во автомобилот кога се случи несреќата и се здоби со тешки повреди, вели да не се обвинува друг за несреќата. -Знам дека Рајко е осуден според законот, но мислам дека 22 месеци се многу, бидејќи тој не е единствениот воновен за несреќата. Со него не се видов од кобниот ден, вели Никола. Девојката на Рајко, Милица Нововиќ (19) која исто така беше во автомобилот, се опоравила од несреќата и се вратила во Франкфурт.   Мајката останала неподвижна Александар Маринковиќ вели дека неговата снаа Марија останала неподвижна -Таа и понатаму е во швајцарска болница и таму ќе биде уште најмалку година дена. Врзана е за креветот и ги чувствува само рацете. Неа Радојковиќ ја закова за инвалидска количка, вели Александар.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1