Уште една голема тепачка се случила во автобусот со број 64, кој се движел на релација Железничка станица-Никиштане, во кој биле нападнати и повредени три лица.
Станува збор за тројца жители на Волково, на возраст од 15 до 19 години, кои седеле на горниот кат на автобусот и кои одеднаш биле нападнати од десетина жители на село Никиштане.
Големата група напаѓачи, најпрво се обиделе да ги симнат противниците на долниот кат, но откако не успеале во првичната намера, ги извадиле ремените од своите фармерки и со железниот дел почнале да ги маваат. Од целата ситуација, едниот малолетник се здобил со повреди на главата, па веднаш бил пренесен во Ургентниот центар, а другите двајца поминале со полесни повреди, па минале само со инфузии.
Полицијата работи на расчистување на случајот.