Гостиварка се обидела да се убие зошто ја претепал бившиот сопруг


Гостиварец бил уапсен откако ја претепал поранешната сопруга, која подоцна се обидела да се убие, но била спречена од полицајците, соопшти МВР. nasilstvo - tepanje

Според полицијата, инцидентот се случил околу 15 часот, во куќата на Џ.Х.(34), во Гостивар. Тогаш дошол нејзиниот поранешниот сопруг Е.Ш.(26), кој насилно ја отворил влезната врата.

Насилникот влегол внатре и почнал расправија со Џ.Х., по што ги навредувал неа и нивното малолетно дете. Kога завршил со пцуењето Е.Ш. почнал да ја удира поранешната сопруга со тупаници по главата и телото, по што си заминал. Жената повикала полиција, а во шок од настанот се обидела да се убие со нож, меѓутоа полицајците ја спречиле.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1