Исчезнатите мексикански студенти се погубени, изгорени и фрлени во река


Мексиканските студенти кои исчезнаа кон крајот на септември во југозападната сојузан држава Гереро, биле грабнати од полицијата по наредба на локален градоначалник и се верува дека се предадени на припадниците на локална нарко банда кои ги убиле, ги запалиле нивните тела а потоа остатоците ги фрлиле во река, објави ноќта кој саботата мексиканскиот државен обвинител.

За судбината на студентите заклучокот од истрагата за исчезнувањето на 43 мексикански студенти, соопшти државниот обвинител Хезус Муриљо Караа потсетувајќи дека сигурниот заклучок би можел да се извлече дури откако ДНК анализата е го потврди идентитетот на спалените останки, Тоа ќе претставува вистински предизвик, бидејќи од изгорените останки тешко е да се изврши ДНК идентификација, додал. Screenshot_49

„Мораме да направиме идентификација, ќе сториме сѐ што е можно за да бидат идентификувана, да дознаеmе дали тоа се студeнтите“, изјавил обвинителот Муриљо, пренесува Reuters.

Здружението на родителите на исчезнатите студенти веднаш реагираше порачувајќи дека доказите се нецелосни и оти тие веруваат дека нивните деца се живи.

На 29-ти септември исчезнаа 43 студенти од Атцојинапе кои претходните денови, на 26-ти септември, дошле да протестираат во Игуала и да собираат финансиска помош, а по завршување на протестот тргнале кон своите домови со автобуси на јавниот транспорт. Според искази на очевидци, врз автобусите пукале полицајци и вооружени мажи припадници на нарко картелот Герерос Унидос, и потоа студентите ги одвеле во непознат правец. Screenshot_48

Мексиканска полиција до сојузната држава Гереро ги објави нивните фотографии и понуди награда од милион пезоси за информации кои би довеле до сознанија за исчезнатите студенти. Опишувајќи ја сојузната истрага како едена од најкомплицираните, обвинителот Муриљо опиша што се случувало со студентите од учителската школа во Ајотсинапи, пренесува DPA. Жртви се мажи повеќето во 20-те години од животот кои оделе на колеџот и со автобуси и комбија оделе на  протестите во Игуала на протестот против финансиските тешкотии во кои било нивното училиште.

Учителската школа е стара со 80 години и е позната како левичарски бастион, а нејзините студенти се познати по активизмот.

Муриљо објави дека тројца мажи, уапсени во врска со нивното исчезнување, признале дека погубиле голем број лица за кои се верува дека се исчезнатите студенти. Според нивните искази, полицајците ги предале жртвите на тројца мажи кои припаѓаат на нарко картелот Герерос Унидос.

Мексиканската полиција во вторникот ги уапси поранешниот градоначалник на Игуала кој беше во бегство, Хозе Луис Абарка и неговата сопруга, осомничени дека го поттикнале нападите во коишто шест лица се убиени а исчезнаа 43 студенти, во аферата која со месеци наназад го потресува Мексико и ги доведува во тешка ситуација тамошните власти.

Истрагата покажала дека градоначалникот, кога дознал дека студентскиот протест ќе попречи еден негов официјален јавен настан, му наредил на началникот на полицијата во Игуала Фелипе Флорес Веласкез да ги сопре демонстрантите. Шефот на полицијата кој во меѓувреме беше суспендиран и сменет, сѐ уште се наоѓа во бегство.

Властите досега уапсиле 74 лица во врска со исчезнатите студенти. Обвинителството на прес-конференција ги прикажало снимките од признанието на тројцата криминалци, фотографии на местата за одложување отпад на кој телата се запалени и графички и видео прикази на отстранувањето на останките.

„Тие не само што ги спалиле нивните тела сосе облеката, ја запалиле и целата облека на оние коишто учествувале во тоа“, изјавил Муриљо додавајќи дека се обиделе да ја отстранат секоја можна трага.

Грабнувањето на студентите предизвика протести во целата земја и сериозно ја поткопа вербата во ветувањето на претседателот Енрико Пења Нето дека Мексико во текот на неговиот мандат ќе стане побезбедна земја. По повод сознанијата од истрагата Нето изјави дека откритието е шокантно и порача дека сите виновни за масакрот ќе одговараат. „Истрагата ќе биде спроведена целосно и сите одговорни ќе бидат казнети“, порача мексиканскиот претседател.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1