Стартуваше асфалтирањето на најголемиот кружен тек во Македонија.
Новата кружна крстосница која се изгради на крајот на Партизанска полека го добива својот лик а наскоро и функцијата за која е наменета.
За 20-тина дена ќе биде поставен и финалниот асфалтен слој, по што и официјално ќе биде пуштена во употреба.
Кружниот тек е дел од првата фаза на проектот за проширување на Партизанска кон Ѓорче се до крстосницата кај Црквата Св. Петар и Павле, со што општината ќе има подобар пристап до централното градско подрачје.
Кружниот тек е со дијаметар од 40 метри, ќе има по две сообраќајни ленти тротари и средишно зеленило. Градот за оваа фаза од проектот издвои 50 милиони денари.