За дваесетина дена Скопје ќе го добие најголемиот кружен тек


Стартуваше асфалтирањето на најголемиот кружен тек во Македонија.

Новата кружна крстосница која се изгради на крајот на Партизанска полека го добива својот лик а наскоро и функцијата за која е наменета.gjorce kruzen tek

За 20-тина дена ќе биде поставен и финалниот асфалтен слој, по што и официјално ќе биде пуштена во употреба.

Кружниот тек е дел од првата фаза на проектот за проширување на Партизанска кон Ѓорче се до крстосницата кај Црквата Св. Петар и Павле, со што општината ќе има подобар пристап до централното градско подрачје.

Кружниот тек е со дијаметар од 40 метри, ќе има по две сообраќајни ленти тротари и средишно зеленило. Градот за оваа фаза од проектот издвои 50 милиони денари.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1