Случај „Дениса“: Судска медицина ја почна обдукцијата на телото


Kовчегот со посмртнините останки за кои грчките власти тврдат дека се на исчезнатата Дениса Маркоска од Прилеп вчера на полноќ пристигна во Институтот за судска медицина во Скопје.

Веднаш била почната постапка за нова ДНK-анализа за да се потврди дали станува збор за телото на Дениса, а на барање на семејството ќе биде направена и реобдукција на телото за да се утврдат причините за смртта. denisa

Министерството за здравство минатата недела дозволи да се изврши реобдукција на телото на Дениса, а одлуката за нова судско-медицинска обдукција е донесена во согласност со член 275 од Законот за здравствената заштита.

Според форензичарите од Институтот, телото е во поодмината фаза на распаѓање со што многу тешко може да се докаже причината за смртта.

Од семејството на Дениса потврдуваат дека ги добиле резултатите од анализата направена во Грција, но не добиле официјален документ за смртта на нивната ќерка поради што се сомневаат во истрагата на грчките органи поради што инсистираа на нова обдукција во Македонија.

Од првичната обдукција било утврдено дека на телото нема траги од насилство, но бидејќи било во понапредна фаза на распаѓање, с` уште не е утврдено дали смртта настапила пред девојката да падне во вода или починала од давење, што е најверојатна причина за смртта.

Маркоска последен пат била видена жива на палубата од бродот „Серенисима“, на кој работела утрото на 12 септември, додека пловеле меѓу Kарпатос и Родос, а кон островот Kрит.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1