Расчистена мистеријата со пронајденото тело на патот Кичево-Гостивар


Ивица Антевски најверојатно е човекот кој вчера беше најден во провалијата на магистралниот пат Гостивар – Кичево. 39 годишниот скопјанец од населба Аеродром пред точно една недела беше пријавен за исчезнат, јавува Алфа.

policijayeti
Постои сомнеж дека се работи за сообраќајна несреќа, поради необезбеденоста на патот и видните оштетувања на автомобилот.
Телото по наредба на јавен обвинител вчера откако беше извлечено од тешко пристапниот терен е предадено за обдукција, но сеуште не се знае колку време лежело во бездната.
Вчера беше пронајдено во состојба на распаѓање.
Случајот го пријавија вработени во Македонија пат, вчера околу 10 часот. При увидот на полициските службеници и јавниот обвинител беше пронајдена само патна исправа која припаѓала на 39 годишникот.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1