Поларна зима зафати делови од Канада и Среден Запад во САД, а температурите паднале за 22 степени Целзиусови за неколку дена, соопштува БиБиСи. Ниските температури се резултат на студениот воздух донесен од силната бура, која ја зафати Аљаска, со ветрови со сила на Ураган. Во делови од Висконсин, Минесота и Мичиген паднале 30 сантиметри снег во понеделникот ноќта.
Над 150 летови се откажани на аеродромот во Минеаполис.
Во Мичиген се очекуваат уште 60 сантиметри снег, откако во понеделникот снежната покривка достигна 30 сантиметри.
Американската полиција соопштува, дека во Минесота најмалку две лица загинале во инциденти по заледените патишта. Тоа е наведено и како причина за несреќата на училишен автобус во Висконсин, во која беа повредни двајца возрасни.
Се очекува денес невообичаено ниските температури за ова време од годината, да се преселат кон исток .
Заладување предизвика шок најмногу затоа што, настапи многу брзо по топлото есенско време. Канадските метеоролози известуваат, дека Калгари го регистрирал најтоплиот октомври од пред 50 години до денес.
Просечната температура била 8.3 степени Целзиусови , а вообичаено е 5.2 степени. Во саботата попладне во градот биле измерени 14,4 степени Целзиусови, но во последните 36 часа температурите паднале за 32 степени.