Сталин се обидел да го убие Тито дури 22 пати, а она што Броз му го порачал го замолкнало засекогаш. Најпознат е наводно обидот за труење од страна на руските лекари кои биле испратени во СФРЈ, но атентаторите биле спречени и му биле вратени на Сталин во мртовечки сандак.
Една од најмистериозните нешта врзани за своетскиот лидер Јосиф Висерионович Сталин и Јосип Броз се однесува на обидите за убиство на југословенскиот лидер од страна на СССТ, а легендите велат дека биле изведени дури 22 обиди.
Потврда за овој обид на лекарите пронашол историчарот Љубодраг Димиќ кој во Зборникот кој неодамна го објавил, а кој содржи 200 досега необјавени документи од руските архиви, пишува „Јутарњи“. Весникот потсетува дека многу приказни за неуспешните атентати на Јосип Броз останале непотврдени, но според новооткриениот транскрипт од разговрот Сталин и Едвард Кардељ, Димиќ вели дека е мошне веројатно дека пронашол потврда за „медицинскиот атентат“ на Тито.
Сомневањата за тоа прв ги изнел во јавноста еден од обезбедувањето на Тито и негов соборец, генералот Милан Жежељ, а во својата книга „Стравовите на Броз“ ги опиша Миладин Адамовиќ. Имено, во 1947 година, односите меѓу Тито и Сталин не биле сјајни, а Тито се разболел од напад на слепо црево и морал да го оперира. Иако тогаш една цела просторија во титовата резиденција била преуредена во операциона сала, со сите лекари и медицински персонал одеднаш се појавиле руски специјалисти со порака дека лично Сталин ги испратил да му помогнат на Тито.
Тито ги примил, како што вели Жежељ, за рускиот лидер да не се налути и за да не се засострат дополнително односите меѓу двете држави. Операцијата навистина ја извршиле Русите, но Тито потоа не се чувствувал добро, односно раната му загноила, па се претпоставило дека инструментите со кои бил опериран биле затруени.
Дека станува збор за атентат, соработниците на Тито заклучиле и според необичното однесување на лекарите. Тие биле изгубени, многу пиеле, биле нервозни…Жежељ ги заклучил во соба ги повикал лекарите на Тито кои потоа направиле успешна операција, а кога заверата на Сталин била откриена, руските лекари биле вратени во Русија, но во сандак.
По неуспешните атентати, Тито на Сталин му ја испратил следнава порака:
– Другар Сталин, престани да испраќаш свои агенти во Југославија со налог да ме убијат. Фативме веќе седуммина од твоите луѓе кои имаа намера да го сторат тоа. Доколку ова не престане, јас ќе бидам принуден да испратам човек во Москва, и ако тоа го сторам, нема да биде потребно да испраќам друг“.
Тој документ се наоѓа во архивата на НКВД.