ВИДЕО: Шешељ ќе ги урива Вучиќ и Николиќ


Лидерот на Српската радикална партија Воислав Шешељ, кој се врати од притворот на Хашкиот трибунал, најави враќање на српската политичка сцена. Иако само привремено ослободен од Трибуналот од хуманитарни причини, односно заради влошената здравствена состојба, во своето прво обраќање во Белград Шешељ најави намера да ја урне актуелната власт во Србија.seselj2

„Браќа и сестри, Хашкиот трибунал на брутален начин ме исфрли од ќелијата во Шевенинген. Ниту барав, ниту поставија некои услови, туку сакаа што побрзо да се ослободат од мене“, рече Шешељ и вака го објасни своето „привремено“ ослободување:

„Тоа привремено ќе трае се додека радикалите не ги соборат Томислав Николиќ и Александар Вучиќ, отпадниците и српските предавници, кои ја продадоа својата чест и карактер и станаа слуги на западните сили. Кога предавничката Напредна партија дојде на власт, ниту еднаш не го поставија прашањето за нелегалноста на Хашкиот трибунал“, рече Шешељ пред неколку стотини приврзаници што го пречекаа пред седиштето на неговата партија во Земун.

„На Воислав Шешељ му посакувам добро здравје и доколку е болен, набрзо да оздрави“, рече српскиот премиер Александар Вучиќ, запрашан да го коментира враќањето на Шешељ од Хаг.


MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1