Двајца перачи на прозорци се заробени на платформа која виси на 69. кат од зградата на Светскиот трговски центар во Њујорк
Како што изјавил портпарол на њујоршките пожарникари, спасувачите имаат радио контакт со работниците и тие не се повредени.
Драмата започнала кога, при рутинската работа, една од сајлите на платформата пукнала по што таа останала да виси под остар агол. Акцијата за спасување е во тек.