Двајцата браќа на тригодишниот Чинар Сулејманов, кој вчера беше пронајден мртов, откако исчезна во вторникот, чекаа тој да се врати дома. Во исчекување беа и другите три сестри и браќа на Чинар, кои како и нивната мајка Бајрамша не знаеја дека тој повеќе нема да се врати дома. Пред куќата на Сулејманови во месноста Струмина Чешма, на периферијата од Штип, вчера беа собрани нивните соседи и роднини од ромската населба. Сите знаеја дека Чинар е мртов, но никој немаше храброст на мајката да ~ ја соопшти жалната вест, пишива Дневник.
Одамна живеат овде. И таа и Амди се невработени, живеат малку од социјална помош, малку од собирање пластични шишиња. Потрагата по детето дало резултати, па неговото тело го нашле на околу еден километар од семејната куќата. Прво ја забележале неговата јакна, а телото било 200 метри подалеку.
Се претпоставува дека тригодишникот заталкал во тој ненаселен предел.
Во отсуство на официјални информации, се слушаа различни претпоставки за тоа како детето починало. Според едни, тоа заталкало, изгладнало и во текот на ноќта меѓу средата и четвртокот починало. Некои се сомневаат дека детето дотаму не можело да стигне само и оти можеби некој го одвел.
Според трети, пак, можеби било нападнато од волк или од друго животно.
Таткото Амди Сулејманов во вторникот изјави за медиумите дека Чинар околу 8 часот излегол од домот и отишол кај својот дедо. Откако заминал од куќата на дедо си се изгубил. И соседите на Сулејманови тогаш рекоа дека детето само одело кај дедото, кој живеел во близина.
Неофицијално, тригодишникот со уште две деца дента питале на плоштадот во Штип.