Меѓу децата кој со БМВ паднаа во Дунав и синот на новинарката Оља Бечковиќ


Дваесет годишниот Лука, инаку син на познатата српска новинарка и авторка на емисијата „Впечаток на неделата“, Оља Бечковиќ, е еден од шестмината млади луѓе кои утрово со автомобилот завршија во Дунав.

Немања (18), 16-годишната А.С. и Милош (20) не ја преживеаја тешката несреќа.

Screenshot_1

Тројца од патниците во автомобилот успеале да испливаат, а возачот, кој е еден од спасените, е веќе кај истражен судија. Според првите информации, возачот ја изгубил контролата и слетал во реката. Меѓу двете момчиња и девојката кои поминаа само со полесни повреди, е и Лука кој заработи скршеница на левата надлактица.

Лекарската екипа кај сите тројца преживеани констатирала хипотермија, намалена телесна температура. На брегот биле извлечени едно 19 годишно момче со хипотермија и знаци на агресија, 18-годишна девојка и 20-годишно момче, двајцата со знаци на хипотермија.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1