УДАР ВРЗ ПРАВАТА НА ЖЕНИТЕ: Оние со убави очи ќе мора да носат вел преку цело лице


Саудиска Арабија е позната по ригорозните закони што се однесуваат на женските права, а сега размислуваат и за нивно дополнување, пренесува МКД.

Имено, законодавците на Саудиска Арабија се сетиле како да се справат со жените со убави и привлечни очи. Тие ќе мора да носат вел преку целата глава, а не како до сега, очите да им бидат откриени.

muslim woman

Портпаролот на Одборот за промоција на доблестите и превенција на пороците, шеикот Мотлаб ал Набет, изјавил дека тие имаат право да ги натераат жените да ги покријат своите лица.

„Членовите на Одборот ќе ги натераат жените да ги покријат своите очи, особено оние со привлечни очи. Имаме право да го направиме тоа“, изјавил Ал Набет.

Некои веднаш прашале како ќе се одредува тоа што се привлечни очи. Анонимен новинар од Саудиска Арабија изјавил дека најверојатно законот ќе се однесува на убаво обликувани и нашминкани очи.

„Сепак, жените ќе имаат проблем и ако нивните очи не се нашминкани, но некој ги смета за привлечни“, искоментирал новинарот.

Принцот Наиф, за кого Западот се надева дека ќе ја сопре драконската репресија врз жените кога ќе го наследи својот нетолерантен татко, кралот Абдула, сепак го поддржал ставот на Одборот.

„Сите го поддржаа Одборот околу новата одлука, и треба да го поддржат, бидејќи тој е столбот на исламот. Ако сте муслиман, мора да го поддржувате Одборот“, изјавил принцот Наиф.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1