Нови детали за смртта на Мис Хонудрас: Се фрлила да ја спаси ранетата сестра (Фото)


Плутарко Антонио Руиз го признал убиството на својата девојка Софија Алварадо (22) и нејзината сестра, Мис на Хондурас, Марија Хозе Алварадо (19) кои откако пред неколку дена беа прогласени за исчезнати беа пронајде мртви и закопани.

19-годишната Мис на Хондурас исчезна само неколку дена пред да замине за Лондон на изборот на Мис на свет кој треба да се одржи на 14 декември, и тоа по роденденската забава на еден нејзин пријател кога последен пат била видена.

miss iscezna

Телата на двете сестри беа пронајдени покрај реката Агуаагуа во селотот Каблоталес, а полицијата ги открила дури кога Руиз им кажал каде ги закопал. Тој и неговиот соучесник во убиството се надевале дека телата покрај реката брзо ќе се распаднат.

Иако медиумите пишуваат дека Мис Хондурас била убиена во обид да избега од своите киднапери, сега излегле нови детали за нејзините последни моменти, јавува „Дејли меил“

maria-hose-alvarado-misica-foto-fejsbuk-1416255759-591089

Марија Хозе била убиена откако се фрлила врз телото на нејзината постара сестра, во која Руиз испукал куршум. Софија лежела ранета на подот, а кога 29-годишниот Руиз решил да ја докрајчи, Мис Хондурас несебично се обидела да ја заштити.

Мотив за нивните убиства наводно се љубомората на момчето на Софија, кога дознал дека таа танцувала со друг маж.

honduras

Полицијата досега верувала дека Марија Хозе е убиена со два куршуми во грб, кои ги добила додека се обидувала да избега, но се чини дека Руиз пукал во неа додека таа била „жив штит“ над телото на својата сестра и не е исклучена можноста барем еден куршум да ги убил двете сестри.

Нивната мајка за медиумите открила дека Марија Хозе се радувала на изборот на Мис во Лондон, но не толку поради самото натпреварување туку поради приликата да го запознае својот брат кој никогаш не го видела а кој живее во Германија.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1