Родила дете на одмор – и стигнала сметка од еден милион долари!


Канаѓанката Џенифер Хусулак-Кимел е мајка на едногодишното девојче Рис, кое го роди за време на одморот на Хаваи. Девојчето се родило во октомври минатата година, девет недели предвреме, и поминало шест недели во инкубатор во болницата Капиолани, пренесува Фактор.

bebe inkubator

По недела и пол хоспитализација Џенифер ја известиле дека здравственото осигурување што го платила пред патувањето не ги покрива трошоците за овој болнички престој. Ја контактирала осигурителната компанија која и ветила дека се ќе биде решено. Но, шокот следувал откако од болницата и доставиле сметка на речиси еден милион долари.

„Бевме во шок кога ја видовме сметката од 950.000 долари. Токму од тие причини уплативме осигурување за да можеме да избегнеме вакви ситуации. Ние плативме премија, а тие треба да ја платат сметката“, вели сопругот на Џенифер, Дарен.

Тој нагласува дека нема начин да ја платат високата сметка и единствено што можат е да прогласат сопствен банкрот.

Канаѓаните сега собираат пари за да им помогнат на нивните сограѓани да си ја платат сметката на Хаваи.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1