Со образложение дека Македонија ја нарушува конкуренцијата во авиосообраќајот косовската Влада ја тужи земјава пред Европската комисија и бара Македонија да запре со субвенционирање на авиобилети, објави приштинската телевизија KTV.
Официјални претставници на косовската Служба за цивилна авијација соопштиле дека очекуваат набрзо оваа жалба да добие позитивна разврска.
Оваа одлука на Косово беше откриена на дебатата организирана од Центарот за стратешки и социолошки истражувањата СТРАС, на која се разговараше за предностите за издавање под концесија на приштинскиот меѓународен аеродром „Адем Јашари“.