Пола милион евра за фасадата на Министерството за транспорт и врски


Следен чекор во процесот на надградба и реконструкција на административното седиште на Министерството за транспорт и врски е изведбата на „барокна“ фасада на овој објект, лоциран на плоштадот „Филип Втори“ во центарот на Скопје. Објавен е оглас за пронаоѓање на градежна компанија што ќе го изведе замислениот надворешен изглед на зградата, за чија реализација првично е проценето дека ќе се одвојат 33.898.000 денари или околу 550.000 евра, без вклучен ДДВ, пишува Build.mk.

Ministerstvo za transport i vrski 0402

Архитектонскиот стил на владиниот проект „Скопје 2014“ ќе доминира и кај ова здание, па така во распишаниот оглас се наведува дека надграденото и проширено здание ќе добие скулптури, релјефи, монитор и останати елементи. Заинтересираните компании за учество на тендерот треба да ги достават своите понуди најдоцна до 17 декември, за кога е закажано и нивното јавно отворање. Според плановите на министерството, севкупните работи за изведба на новата фасада би завршиле најдоцна до 30 март 2015 година.

За надградба и реконструкција на административната зграда на Министерството за транспорт и врски досега се одвоија финансиски средства во висина од околу 5,5 милиони евра. Изведбата на градежните работи се одвива веќе три години од страна на градежните екипи на „Бетон“ од Скопје. Во согласност со проектната документација, проширениот објект ќе добие нов главен влез, приземје со влезен хол, пријавница за чекање и два лифта за движење на горните катови.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1