Полициски џип се преврте на патот Тетово-Гостивар, повредени четворица полицајци


Четворица полицајци се повредени во сообраќајка на автопатот Тетово-Гостивар, откако џипот со кој се возеле се превртел.policiskidjip

Според првичните и непотврдени информации, возачот загубил конторла врз возилото бидејќи се обидувал да избегне човек кој го претрчувал на автопатот.

Во сообраќајката со полесни повреди поминале четворица припадници на МВР кои по прегледите се пуштени на домашно лекување.

Полицијата изврши увид на местото на несреќата.Повредените полицајци се надвор од животна опасност.

Пред неколку години на истата делница исто се преврте полициски џип кога специјалци од единицата „Тигри“ се враќаа од планинска обука  и поради неисправност на возилото и несоодветна брзина се преврте. Тогаш, пет лица беа повредени во несреќата.

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1