Ќе се задушиме: Во Скопје, Тетово, Битола, Велес и Кичево загадувањето над дозволените граници


Високи концентрации на ПМ10 во воздухот се регистрирани вечерва во Скопје, Велес, Тетово, Битола и Кичево.

zagaduvanje-2-300x225

Според податоците на Националниот портал за квалитет на воздух на Министерството за животна средина и просторно планирање во 19 часот се регистрирани многу високи концентрации на ПМ10 честичките на мерните станици во Гази Баба и Ректоратот во Скопје, во Тетово, Битола 1, Велес 2 и Кичево. Високи концентрации се регистрирани и на мерните станици во Лисиче и во Карпош.

Надминувања на дозволеното количество на ПМ10 е регистрирано и вчера каде на овие мерни станици се регистрирани над 100 микрограми на кубен метар, а во Тетово 273 микрограми. Максимално дозволеното е 35 микрограми.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1