Потресна исповед на српски пејач: Со години ми умираат најблиските


Српскиот пејач Игор Тодоровиќ, најпознат како Др. Иги во деведесетите години беше многу популарен, а еден од неговите најголеми хитови беше со наслов „Очи боје дуге“.

Меѓутоа, на прашањето каде е и што прави тој денеска, српските медиуми откривааат зошто долго време го нема на музичката сцена.

igi

 

– Верувајте ми, од сцената не си заминав. Работев сите овие години, а во план е нов сингл кој би требало да излезе на пролет. Никогаш не работам нешто, само за да го работам, па така се надевам дека ова ќе биде голем хит. Не сум сигурен дали ќе успее на го надмине хитот „Очи боје дуге“, но ќе видиме како публиката ќе го прифати, открива Иги за локалните медиуми.

Музичарот доживеал семејна трагедија во која останал брез најблиските. Ги изгубил братот, мајката и таткото.

– Многу ми е тешко. Го изгубив цело семејство. Прво почина брат ми во 2005 година на 31 година. Беше многу млад. Татко ми го изгубив неколку години подоцна, а мајка ми почина минатата година. Тоа ме уништи. Не можев да се опорававам. Останав сам, живеам сам, а семејството на мајка ми многу ми помогна во тие моменти. Понекогаш одам кај нив на неколку дена, тие ми се најблиски, вели Др. Иги.

Музичарот не крие дека би сакал да се ожени и да добие наследник, или наследничка.

– Иако немам девојка, крајно време е да се оженам, вели тој.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1