Студент по грешка доби 46 производи од Амазон вредни 4.500 евра, му рекле да ги задржи


Еден британски студент многу се израдувал кога добил 46 „подароци“ од онлајн американскиот дистрибутер Амазон кој дозволил момчето да ги задржи вредните пакети упатени до него по грешка, јавија денеска британските таблоиди.

Screenshot_53-584x320

Студентот Роберт Квин (22) позираше за списанието „Сан“ заедно со подароците вредни 4.500 евра, меѓу кои се таблет, лаптоп, телевизор со тродимензионална слика (3Д) и конзоли за игра.

Пакетите биле наменети за еден магацин во Амазон во Британија, но поради технички грешки во адресата, пакетот стигнал кај Квин во Бромлиј, Лондон.

– Им пишував три пати на Амазон, кој ја откри грешката, но наведе дека може да останат за мене пакетите како божикен подарок, рече Квин и додаде дека ќе ги сочува подароците кои му се интересни, а другите ќе ги подели на добротворните организации.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1