Седумнаесет годишниот кошаркар на московска ЦСКА, Руслан Гаглоев починал утринава за време на тренингот на втората екипа.
На официјалниот сајт на клубот е објавено дека Гаглоев ја загубил свеста и паднал на паркетот непосредно по почетното истегнување.
И покрај брзата реакција на клупските лекари, по едночасовна реанимација тие можеле само да констатираат смрт.