Жена ја предизвикала верижната сообраќајка кај Волково


Јас сум меѓу последните што налетав, мој е синиот “пасат”. Не знам кој ја предизвикал, чув дека некоја жена застанала на патот, автомобилот излизгал, а таа во паника притиснала на кочницата и застанала. Останатите само налетувале еден на друг, вели еден од возачите.66677

 

Неофицијалните информации ја потврдуваат приказната на возачот дека скопјанка која била во автомобилот со нејзиното малолетно дете, на момент ја загубила контролата над автомобилот и нагло закочила без да го притисне квачилото. Моторот запрел и таа застанала на средната лента на автопатот и само неколку моменти подоцна веќе почнал верижниот судир, пишува ВЕЧЕР.

Од МВР велат дека сообраќајната незгода се случила околу 8 часот и во неа учествувале 19 возила. Девет лица биле повредени и префрлени во Ургентниот центар и во Градската болница, но сите, за среќа, биле со полесни повреди. Оттаму не ја потврдија информацијата за причината за верижниот судир

– Примивме пет пациенти. Четворица веднаш беа пуштени на домашно лекување, а еден е задржан на опсервација, но неговата состојба е стабилна и тој нема никакви посериозни повреди, изјави Реџеп Селмани, директор на Ургентниот центар.

Полицискиот увид траеше неколку часа, а сообраќајот на таа делница беше запрен.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1