Марина Туцаковиќ проговори за смртта на 24 годишниот син


Еден од најплодните текстописци во регионот, која моментално е најактуелна како дел од жирито на „Ѕвездите на Пинк“, Маријна Туцаковиќ во своите четири децении кариера на најголемите ѕвезди на поранешна Југославија им ги напиша најубавите хитови. Нејзиниот живот го одбележаа многу среќни моменти, но не беше поштедена ни од многу болни.

marina_thumb_medium500_340

Нејзиниот сопруг Александар Фута Радуловиќ беше со неа и во убавите и во лошите мигови, помагајќи и полесно да чекори под товарот на трагедијата која ги снајде кога синот Милош почина во 24-тата година од животот.

По тој настан утехата ја најде во она што најдобро го знае, пишувањето.

-Не знам ни самата, можеби тоа е некој нагон во животот, по најголемата трагедија која може да го снајде некој родител, само тоа. Јас сум и понатака истата, како и порано во таа приказна со музиката и текстовите, само научив да ја потиснувам болката. Кога одам на гробишта зборувам со својот Милош, три пати во неделата одам таму. Тоа е белег кој не поминува, останува засекогаш… – вели Марина.

Таа одлично се снајде во шоуто „Ѕвездите на Пинк“, како и во сите ситуации, особено во оние кои се позитивни. Тагата е нешто што засекогаш ќе го носи во себе, како мајка која загубила дете.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1