Кукла без лице произведена е во Велика Британија за муслиманските деца во согласност со исламските правила за избегнување на прикажување ликови.
Куклата е покриена и облечена во црвен фустан, но нема очи, нос или уста. Дизајнирана е во соглсност со строгото исламско учење, но критичарите ја окарактеризираа како глупост и истакнуват дека ги претставува застарените ставови на исламското учење и дека на овој начин не се признава дека муслиманите се дел од модерната култура.
Куклата која доаѓа во само една верзија се вика Ромеиса и е наменета за децата кои живеат во строги муслимански семејства.
Дизајнерката на куклата, позната како Ридвана Б, истакнува дека исламот забранува прикажување карактеристики на лицето, слики, скулптури…