Обвинителката Раичевиќ: Обвинителот го има главниот збор – предизвик, но и обврска


Стапувањето на сила на новиот Закон за кривична постапка е пресвртница во целокупниот кривично-правен систем на Република Македонија.Современа алатка за поголема ефикасност за органите на прогонот. Во новиот систем кој се воспостави со овој закон, полициската и обвинителската истрага се надополнуваат и фузионираат, а судската истрага практично се прескокнува, но не се заменува со некаква формална обвинителска истрага.
На оваа тема своја книга издаде и обвинителка која има над 20 годишно искуство и е сегашен обвинител, доцент доктор Лидија Раичевиќ.Со актерски настап и раскажување на мислите на обвинител кој поминува дежурство на терен, обвинителката Лидија Раичевиќ ја промовира книгата улогата на јавниот обвинител во казнено правниот систем. Во книгата зборува за независноста обвинителството и  за односот на извршната и судската власт.

viber image

Како што расте потребата од обвинителската функција , така растат и апелите за независност на јавното обвинителство. А пак тие апели за независнот дирктно вијаат на довербата во јавнообвинителстата функција. Но јас како автор на книгата тврдам дека независноста на јавното обвинителство ќе се постигне во оној момент кога сите ние индивидуално како носители на јавни функции ќе бидеме независни професионални, стучни со чувство на одговорност, кога ќе го применуваме Законот така како што пишува како што бара тој, а не некој друг, вели  Лидија Раичевиќ, јавен обвинител.

kniga

Порота составена  од 12 обични граѓани кои ќе одлучуваат за вината на обвинетиот е неприфатлива иницијатива, смета обвинителката.  Треба време и темелна анализа, кој може да одлучува во име на првадата, под кои услови и на каков начин.

Американскиот систем на порота оди заедно со законот за кривична постапка кој во земјава се применува само една година. Обвинителката Раичевиќ во својата книга „Улогата на јавниот обвинител во казнено правниот систем“, пишува за предностите, но и за слабостите на досегашната законска пракса.
Професорот Гордан Калајџиев кој беше дел од пишувањето на новиот закон за кривична постапка смета дека тој се уште не е ефикасно применет.
Според законот обвинителот ја води истрагата, а во текот на судењето и  одбраната има право да истажува, собира докази кои би го побиле обвинението. На крај за вината и казната одлучува судијата.

Со новата реформа во кривично правниот систем се зголемија ингеренциите на обвинителството што е предизвик и за судиите, и за обвинителите и за полицијата. Согласно новиот ЗКП во постапката на прибирање докази главниот збор го има Јавното обвинителство. Судот не предлага докази, туку обвинителството е должно да ги собере сите докази пред да започне судењето. Се очекува постапката во истрагата да се забрза, а поефикасни да бидат и самите судски процеси.

Македонската казнена постапка со овие новини се приближува кон модерните демократски казнени процедури, кои обезбедуваат баланс помеѓу интересите на државата и правата на обвинетиот.

 kniga3

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1