Македонија не ќе може наскоро да добие „американска“ порота


Системот на кривична порота, по теркот на американското судство, во овој момент е неодржлив да се воведе во македонските судници, смета обвинителката за организиран криминал Лидија Раичевиќ, известува Канал 5.

viber image

За иницијативата на адвокатската комора со која граѓани како поротници ќе одлучуваат дали обвинетиот е виновен, потребни се темелни реформи, оценува Раичевиќ бидејќи поротата е својствена за други системи како англосасконскиот и смета дека не може да имплемтираме во целост.

Во присуство на обвинители судии адвокати професори Раичевиќ ја промовираше книгата „Улогата на Јавниот обвинител во казненоправниот систем“ во која меѓу другото ги анализира и предизвиците на обвинителот со новиот закон за кривична постапка, кој како радикална и темелна реформа се применува веќе една година.

Професорот Калајџиев оцени дека овој труд ги отвора прашањата за унапредување на самостојноста на обвинителството до степен на независност. Владеењето на правото има јасни координати, нагласува Калајџиев.

Моќта дадена на јавните обвинители како носители на јавнообвинителска функција не смее да се довери во рацете на неетички и нискоморални луѓе кои границата меѓу доброто и лошото ја поместуваат по сопствено наоѓање и интерес стои во заклучоците на книгата на Раичевиќ.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1