Во 1998 година Националниот Институт за рак одобрил да се започне студија за која могумина се надевале дека ќе дејде до клучни резултати. Но всушност ова ветувачко истражување станало едно од најголемите скандали во историјата на САД.
За прв пат докторот по медицина Николас Гонзалес открива како неговиот пристап кој што бил основан на ензими намерно бил насочен кон пропаст во споредба со конвенционалните методи за лечење на ракот како што е хемотерапијата.Може ли терапијата со ензими да помогне на заболените од рак?
Како што стои во текстот на Натурал Њус уште во 1906 година д-р Џон Берд, ембриолог претпоставил дека протеолитичките дигестивни ензими претставуваат главен одбрамбен механизам против ракот, а со тоа тој заклучил дека ензимската терапија би била корисна за сите видови на рак.
За време на првите две декади од 20 век оваа теза на доктор Берд привлекла големо внимание во академските кругови, а неколку случаи за регресија на туморот биле забележани во медицинската литература. Исто така била запишана и ремисија во завршна фаза кај болни лечени со протеолитички ензими.
Во 1911 година доктор Берд објавил монографија под наслов „Ензимска терапија против ракот и нејзина научна основаност“ во која ги сумирал своите терапии и докази. Во поново време докторот Нколас Гонзалес, автор на делото „Трофобласти и потекло на ракот“ ја анализира работата на доктор Берд од перспектива на современа молекуларна биологија.
Вистината за клиничките испитувања
Во 1998 година на Националниот Институт за рак му биле одобрени средства за клиничка студија од широки размери во која ензимската терапија на доктор Гонзалес требала да биде споредена со најдобрата расположлива хемотерапија за лечење на болни со дијагноза неоперабилен рак на панкреасот. Заедно со доктор Линда Исаак му пристапиле на овој проект со огромен ентузијазам верувајќи дека тоа е одлична прилика да го соединат конвенционалниот академски свет како и „алтернативните“ истражувачи и заедно за доброто на науката и пациентите да им помогнат на оние кои страдаат од оваа страшна болест.
Но, како минувале годините, се разочарале кога сфатиле дека и понатаму владеат мислењата насочени против методот кој е во развој, за разлика од конвенционалниот, постоечкиот.
– Научниците и лекарите од највисоките редови на академијата би сториле се, дури би ја промениле и вистината, само за да докажат дека неконвенционалната терапија нема никаква вредност. На крај, под водство на надзорник од Колумбија, од Националниот Институт за рак односно од Националниот Центар за Комплементарна и Алтернативна Медицина студијата беше уназадена поради лошото управување, бесмислици и манипулација со податоците, со што добросостојбата на болните е доведена до опасност и за жал се тоа е вешто прикриено токму од Националниот Институт за здравје. Длабочината на измамата е скоро неверојатна!- изјавил Гонзалес.
Дали ние ќе веруваме или не во можноста за лечење на ракот со ензимска терапија, би сакале да поверуваме во фактот дека многу студии се отфрлени поради несогласувањата на научната заедница со можноста дека ракот се лечи и со неконвенционалните методи. Тоа може да ја постигне и таа мера податоците од студиите да се прикриваат и претставуваат со лажни резултати.