Ако двапати во месецот не дојдете на Мој Термин, третиот преглед 50 % приватно


Воведување хоспитална култура, национална комисија за дијабетес, правила за безбедна хирургија, клинички патеки за дијагностицирање, лекување и следење малигни заболувања, нов систем за специјализации, се само некои од измените на Законот за здравствена заштита што го поминаа првото читање во Собранието.lekar44

Предлог текстот предвидува и новини во однос на проектот „мој термин“ – ако пациентите во тек на еден месец двапати не дојдат на закажаниот термин или четири пати во годината, секој нареден преглед што ќе го закажуваат ќе треба да го платат 50 отсто од свои средства. Но, на пациентите, воедно, им се дава можност, ако не се задоволни од прегледите или ако навреме не бидат прегледани, усно или писмено да се пожалат на менаџерскиот тим кој е должен да преземе одредени мерки.

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1