Какво време не очекува во последниот ден од годината?


Уште еден ветровит и студен ден е пред нас. Повремен слаб снег е можен во јужната половина од земјава и тоа во претпладневните часови. Но, станува збор за сосема слаби врнежи, без особени услови за снежна покривка. Ветерот ќе биде умерен, и ќе дува од север, прогнозира Метеопро.vetar22

Минималната температура ќе има вредност околу -12° низ котлините,a на повисоките места таа ќе се спушти до околу -16°С.

Максималната температура во Македонија ќе има вредност околу -8°С низ поголем дел од котлините, а на југоисток само до -2°С. На повисоките места максималната температура ќе има вредност околу -10°С.

Ноќта за дочекот на Нова Година ќе биде студена, со температура под -10°С. Заради температурата субјективната (чувствителната) температура ќе биде под -15°С

Во скопската котлина ќе биде суво и ветровито. Утрото и вечерта ќе бидат особено студени, со температура околу -10°С.

Минималната температура ќе има вредност околу -11°С. Дневниот максимум на температурата на воздухот ќе достигне вредност само околу -5°С.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1