Ги видов кога заминаа беа расположени и насмеани. Понесоа работи и поароци за новорденото внуче. Стојан беше позади воланот. Ех, само да знаеа дека ова им беше последно возење.
Со овие зборови соседката на семејството кое во неделата околу 17:30 загина во сообраќајна несреќа на автопатот Белград- Ниш, раскажала истовремено и за радоста и за несреќата на семејството.
Родителите на Стојан како што раскажала таа биле омилени професори, а по празникот планирале да заминат за Белград, каде што живее нивната ќерка која недомна се породила.
Мештаните не веруваат, се присетуваат на некои моменти кога последен пат се виделе и сретнале, се присетувале за што со нив зборувале.
За потсетување, несреќата се случи кога од неутврдени причини автомобилот „ опел корса“ со кој управувал Стојан изгубил контрола и излетал од коловозот, потоа се превртувал неколку пати. Синот и родителите загинале на лицње место. За сега се уште не се знае како дошло до несреќата.