– Застојот на работата е на национално ниво. Постои сомневање дека сифилисот стигнал од Европа по снимањата кои беа направени таму, па сега се загрозени и нашите граѓани, изјавил Марк Мек Грат од AHF.
Паузата за снимање филмови би можела да потрае и неколку недели бидејќи инкубацијата на оваа болест трае до деведесет дена и би можела да остане недијагностицирана дури и до девет месеци, објаснува претседателот на AHF Мајкл Вајнстајн.
За само една недела забележани се пет нови случаи.
Оваа болест може да се излечи со антибиотици, но доколку не се лечи може да предизвика трајни последици на внатрешните органи вклучувајќи го мозокот и срцето, објаснуваат лекарите.