Светската порнографија на пауза поради сифилис


„AIDS Healthcare Foundation” во понеделникот објави дека порнографската индустрија во Америка привремено запрела со работа поради појава на епидемија на сифилис. Се сомневаат дека болеста стигнала од Европа.

– Застојот на работата е на национално ниво. Постои сомневање дека сифилисот стигнал од Европа по снимањата кои беа направени таму, па сега се загрозени и нашите граѓани, изјавил Марк Мек Грат од AHF.

Паузата за снимање филмови би можела да потрае и неколку недели бидејќи инкубацијата на оваа болест трае до деведесет дена и би можела да остане недијагностицирана дури и до девет месеци, објаснува претседателот на AHF Мајкл Вајнстајн.

За само една недела забележани се пет нови случаи.

Оваа болест може да се излечи со антибиотици, но доколку не се лечи може да предизвика трајни последици на внатрешните органи вклучувајќи го мозокот и срцето, објаснуваат лекарите.

 

Share Button

Tags: , ,

Александар Петрески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1