Мистериозен розов гулаб крена голема научна прашина, прв пат е виден во населба во северен Лондон.
Џин Молес не можела да им поверува на своите очи, кога на својата тераса го видела необичниот гулаб.
„Ја видов птицата како стои на мојата тераса, веднаш до прозорецот. Мојот сосед ја фотографираше, за него е многу интересна и истовремено чудна.
Во моите 74 години живот никогаш не сум видела таков гулаб, вели Молес која секојдневно ги храни гулабите на својата тераса.
„Ги хранам без оглед на тоа што вели градот. Овој се појави и едноставно ме фасцинираше“. На Маврициус постои неверојатно редок вид розов гулаб, но овој остров во Индискиот океан, од Лондон е оддалечен илјадници километри. Исто така островскиот гулаб има сиви крилја, за разлика од лондонскиот. Според научниците оваа мистерија има две објаснувања.
1. Можно е некој локален гулабар да обоил еден од своите гулаби.
2. Можеби бојата на гулабот се сменила поради начинот на исхрана.