Револтирани од Заев, граѓаните спонтано масовно се собираат пред Собрание


Голем број граѓани веќе се собираат пред споменикот на бранителите во паркот Жена Борец во центарот на Скопје. Иницијативата која тргна од социјалните мрежи веќе доби на масовност. Граѓани од различна верска и национална припадност, членови на различни политички партии веќе спонтано се собираат центарот на Скопје.

Фото - Курир

Фото – Курир

Според иницијативата тие се „обединуваат против внатрешниот непријател“. Ваквиот протест доаѓа откако премиерот Груевски објави дека опозицискиот лидер Заев за да дојде на власт соработувал со странски тајни служби и се заканувал дека ќе го урне уставниот поредок.

Според информациите од терен, над 3.000 револтирани граѓани се собрани пред Собрание, а доста од нив се упатуваат и пред седиштето на СДСМ. И покрај дождот, над 3.000 граѓани излегоа на спонтан собир пред споменикот на бранители да го изразат својот револт поради, како што самите скандираат, предавничкиот однос на лидерот на опозицијата, Според изјавите од толпата, тие сега се упатуваат кон седиштето на СДСМ.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1