Авто-мото сојузот на Македонија препорачува внимателно управување со возилата и брзина на движење до 30 км/ч. на патниот правец А2 Хиподром – Сарај (Обиколница на Скопје), на седми километар кај Смилковци поради излевање вода на коловозот во двата правци во должина од 10 – 15 метри.
Од АМСМ наведуваат дека поставена е соодветна сообраќајна сигнализација од страна на ЈП Македонија пат.