Претепан брачен пар од Скопје во Струга – мажот киднапиран


Скопјанец и неговата сопруга денеска на пладне биле претепани од засега непознати напаѓачи во Струга. Инцидентот се случил во близина на училиштето „Јахја Кемал”.

policiska-lenta4-640x480Според првичните информации на „Охриднет“ напаѓачите од засега непознати причини го истепале брачниот пар, а потоа машкото лице го киднапирале. На сила го ставиле во автомобилот и заминале кон Струга. Претепаната жена помош побарала во струшката болница.

Физичкиот напад врз мажот и жената го потврди портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски, потенцирајки дека полицијата работи на расветлување на сите аспекти на случениот настан.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1