Поплавено скопско Стајковци – се испумпува водата


Екипите на Град Скопје ја испумпуваат насобраната вода и ги санираат последиците од поплавите.во населеното место Стајковци каде по вчерашните обилни врнежи од дожд се поплавија подрумски простории, како и земјоделско земјиште.

Увид во текот на изминатата ноќ и денеска извршија и градоначалниците на Град Скопје и на општина Гази Баба, Коце Трајановски и Тони Трајковски.stajkovci-poplava-640x359

– Стајковското Езеро, кое вообичаено се полни со водата што се слева од Скопска Црна Гора, како резултат на вчерашните обични врнежи прелеа, ги преполни и блиските канали, по што водата ги поплави околните површини и повеќе подрумски простории, соопшти Град Скопје.

Во соопштението се истакнува дека Штабот за заштита и спасување на Град Скопје ја следи состојбата на терен и ќе интервенира секаде каде што има потреба.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1