Возач на црн џип со бугарски таблици, возејќи излета од патот Градско-Велес во обид да и избега на полицијата, објави Канал 5.
Служба од граничната мобилна полиција го запрела да му изврши контрола. Возачот застанал, немал уредна документација па решил да бега.
Тргнувајќи со возилото го повлекол едниот од полицајците кој паднал. Колегите му помогнале, по што тргнале по џипот.
Во еден момент возачот се обидел да избега по земјен пат, па вртејќи, изгубил контрола над возилото и се превртел.
Возачот и полицаецот се пренесени во велешката болница од каде велат дека двајцата имаат полесни повреди.