Возач на џип со бугарски таблички направи хаос во Велес!


Возач на црн џип со бугарски таблици, возејќи излета од патот Градско-Велес во обид да и избега на полицијата, објави Канал 5.policijanokni5

Служба од граничната мобилна полиција го запрела да му изврши контрола. Возачот застанал, немал уредна документација па решил да бега.

Тргнувајќи со возилото го повлекол едниот од полицајците кој паднал. Колегите му помогнале, по што тргнале по џипот.

Во еден момент возачот се обидел да избега по земјен пат, па вртејќи,  изгубил контрола над возилото и се превртел.

Возачот и полицаецот се пренесени во велешката болница од каде велат дека двајцата имаат полесни повреди.

 

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1