На Интернет се појавила страшна снимка на која се гледа како лав скока и ја напаѓа својата кротителка и тоа една деценија по смртта на нејзиниот сопруг кого лавица го убила при изведување на истата точка.

Фатен Ел Хелв го изведувала својот популарен перформанс во Танта во Египет минатиот четврток. На снимката може да се види како Фатен игра и мафта кон публиката само неколку секунди пред нападот во кој, за среќа, за влакно ја избегнала смртта.
Оваа жена со години се бави со оваа работа, како и целото нејзино семејство. Сепак, до сега биле забележани пет напади на лавови во ова семејство, а дури и нејзиниот татко загинал обидувајќи се да раздвои два лава кои се бореле за иста лавица.









