Таткото и мажот ѝ ги убиле лавови, а сега еден ја нападнал и неа (ВИДЕО)


На Интернет се појавила страшна снимка на која се гледа како лав скока и ја напаѓа својата кротителка и тоа една деценија по смртта на нејзиниот сопруг кого лавица го убила при изведување на истата точка.Screenshot_5

Фатен Ел Хелв го изведувала својот популарен перформанс во Танта во Египет минатиот четврток. На снимката може да се види како Фатен игра и мафта кон публиката само неколку секунди пред нападот во кој, за среќа, за влакно ја избегнала смртта.

Оваа жена со години се бави со оваа работа, како и целото нејзино семејство. Сепак, до сега биле забележани пет напади на лавови во ова семејство, а дури и нејзиниот татко загинал обидувајќи се да раздвои два лава кои се бореле за иста лавица.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1