Подолгорочното конзумирање на фаст фуд е штетно за црниот дроб во иста мера како и хепатитисот. До овој заклучок дошле американски научници, а како најопасен го сметаат помфритот.
Кој современ човек не сака брза храна? Некогаш во Русија на пример се јадело долго и со задоволство – денес е широко распостранета секојдневната ужина, односно брза храна.
Секојдневниот брз ритам на живеење на современиот човек, често нема време за подолг и поквалитетен доручек, ручек и вечера. И поради тоа се префрла на брзата храна, нешто со кое што го заштедува времето, но го скратува животот. Медицинските лица открија дека за само еден месец брзата храна го убива црниот дроб во иста мера како и хепатитисот и жолтицата.
Целата работа е во тоа што компирите, пилешкото и кромидот се чуваат во мастите, а не се додава само сол, туку и шеќер што на производот му обезбедува еден вид на златна кора.
Сето ова заедно му дава на производот количина на таканаречени заситени масти и доведува до развој на дистрофија на црниот дроб.
Главниот борец против штетната и брза храна во Русија е државниот санитарен лекар Генадиус Онишченко, кој повеќепати го повика народот да јаде она на што е навикнат „на ниво на генетска меморија“, компири, кисела зелка, месо. Затоа што производителите на брза храна не брзаат да создаваат оброци кои ќе бидат поздрави и покорисни, поради тоа што неминовно води кон зголемување на цените и бавните подготовки.
На крајот излегува дека во однос на храната, модата е таа која ги диктира своите правила, кои понекогаш не се одразуваат премногу добро за здравјето. Но, ѓаволот не е толку страшен како што го прикажуваат, смета претседателот на Националната асоцијација за организација на брза храна Алексеј Новиков.
Не можеме, а да не кажеме дека брзата храна може да му наштети на организмот, ако истата се конзумира постојано. Односно ако и за доручек и за ручек и за вечера се јаде фаст-фуд. Не препорачуваме да се јаде секој ден. Затоа што организмот не треба да се навикне на исто, поради тоа што може да дојде до развој на разни заболувања. Токму затоа е потребна разновидна храна
Фактот дека брзата храна може да предизвика штета, е позната работа, но доколку фаст-фуд храната се конзумира систематски, како на пример, неколку пати месечно, тоа нема да причини никаква посебна штета по здравјето.
Но, на фигурата сигурно ќе делува. Во содржината на информативните агенции се почесто се појавуваат информации за тоа дека порасот на бројот на дебели луѓе добива карактер на епидемија. Меѓу лидерите е САД. Тамо речиси секој трет возрасен, денеска пати од прекумерна тежина. Во Велика Британија дебелината ја чинат 23% од населението.
Ниту Русија не е далеку зад неа 18%. Обидуваји се да ги сватат причинте за ваквата појава, американските научници направиле низа на интересни експерименти. На експриментални глувци им била давана висококалорична храна, која кај човек би одговарала со конзумирање на виршла, хамбургер и сланина.Поради тоа во организмот на животните се случиле хемиски промени, по што на глувците не им била доволна количината од поранешната храна, што доведува до формирање на штетните навики. Односно во основа, наркотичната зависност и дебелината, според научниците имаат исти механизми.
Освен тоа целиот систем на фаст-фуд се гради на атмосферата на празниците, радоста и веселбите. Токму заради тоа, во тие периоди, пред се поради храната, кај човекот се чувствува еуфорија, му се подобрува расположението, но по извесно време доаѓа до мрзливост, пад на силата, па дури можна е и депресија.
Затоа за да се промени ситуацијата, организмот бара уште еден хамбургер. Така луѓето влегуваат во маѓепсаниот круг на зависноста од храна, вели лекар дијетолог Елена Соломатина.
Храната која е богата со брза храна, не може да се нарече природна поради тоа што ги содржи сите видови на додатоци. Меѓу другото тоа е натриум глуконат. Натриум глуконатот нас, од една страна, ни создава извесно чувство на задоволство при јадењето, бидејќи секоја, па дури и најневкусната храна ни изгледа доста привлечно.
И благодарение на надразнувањето на нервните завршетоци и се разбира, оние што се однесуваат на вкусот, нашиот голем мозок добива повеќе задоволство и кога човекот ќе се навикне на вакво дејство, глуконат кој меѓу останатото ги надразнува неговите рецептори, останатата храна му изгледа просто невкусна, а цело време сака уште и уште.
На крајот особено децата, кои немаат таков нервен систем можат да станат прилично хиперактивни и лесно да се возбудат. И воопшто тоа навистина може да има негативен ефект врз нивното здравје.
Анализирајќи ја современата друштвена исхрана, класичната литература во областа на кулинарството на Вилјем Похлјобкин во својата книга „Мојата кујна и моето мени“, пишува дека зад кулинарските напори се кријат два фактори – далеку од кулинарството. „Прво се појавиле општи промени кои дошле во светот во светската трговија во снабдувањето на земјите со намирници.
Вториот фактор е субјективен. Се состои во промени на психологијата на современиот човек кој се повеќе тежи кон тоа да се ослободи од домашната кулинарска загриженост. Според авторот, народот на Русија почна да го копира американскиот модел на гастрономија.
Денес многу американски жители во нивните станови имаат добро опременети кујни, но по намена ги користат многу ретко, за време на празниците. Секојдневната исхрана се одвива исклучиво во рестораните на брза храна. Понекогаш се чини дека не е можно да се одвикнете од брзата храна, но излез секогаш постои, вели Елена Соломатина.
Човекот секогаш може да земе некој производ од кисело млеко, ореви или суво овошје. Јасно е дека изборот не е претерано богат, но тие се продаваат по името брз доручек од житарици.
Оние кои сакаат нешто љуто во истиот природен јогурт, можат да додадат рен, сенф, одозгора да стават домати, краставици, зелена салата, брокула.
На патот на војната против хамбургерите и безалкохолните пијалоци, неодамна застанаа чиновниците во Санкт Петербург кои предложија да се воведе данок на штетната храна.
Во светот каде што се зборува англиски, овој облик на данок го носи знакот на „junk food“, што од поодамна стана мејнстрим во државите со среден и високо животен стандард.
Така во САД зголемениот данок на фаст-фуд и слатката газирана вода, веќе важи во неколку држави. На американскиот пример во 2012 година се угледа и Франција.
Само по себе овој данок не е многу голем – изнесува само еден евроцент на конзерва на газиран напиток. Но, приходот од истиот се проценува на 120 милиони евра годишно.
Што се однесува до Русија, на престојните мерки против масната храна може да се класифицираат во истиот ред со борбата за трезвеност или против пушењето.