26 годишниот Сем Трикер, кој е британски покер шампион, бил нападнат во Лас Вегас веднаш откако освоил 10 милиони долари на еден од столовите за покер.
Се здобил со гребаници и модрици по лицето, а настрадала и неговата девојка Наташа Санда, која напаѓачите ја плукале.
Сем е поранешен водоинсталатер од Ретфорд кој последните неколку години освојувал по неколку покер турнири во светот.
На почетокот на месецов учествувал на “Big One For One Drop” покер турнир во Лас Вегас за кој само провизијата која се плаќала за учество била 1 милион долари.
Сем го освоил второто место кое му донело 10 милиони долари. Излегол победата да ја прослави со својата девојка кога се случил инцидентот.
Неколку часа потоа тој самиот ја закачил фотографијата на Твитер и напишал ,, убаво се забавуваме додека не дојдоа 6 насилници и ми го направија ова,,
Ова е видеото снимено по партијата покер.