Ана и покрај шокот го опишала убиецот на Немцов


Манекенката Ана Дурицкаја, пред очите на која беше убиен Борис Немцов, изјавила за време на нејзиното сведочење дека има делумна загуба на меморијата. Објаснувањето на 23-годишната убавица е поради доживеаниот шок по убиството. Инспекторите го сослушаа основниот сведок на убиството на политичаротр -опозиционер, но младата жена не успеала да даде особено корисни информации на истражителите.nemcov

Во исто време, инспекторите дознаа детали за приватниот живот на Немцов и Дурицкаја. Двајцата се запознале во Турција пред три години. Еднаш во месецот манекенката летала од родниот Киев во Москва, за да се види со доста постариот љубовник.

“Пред иследниците Дурицкаја раскажала дека и овој пат пристигнала, како и обично, на Шереметјево “, каде ја чекал Немцов со својот возач. Двајцата одат во станот на политичарот на улицата” Малаја Ординка “. Вечерта девојката одела во салон за тајландска масажа, а Немцов – на интервју во радио “Ехото на Москва”. Околу 21,30 часот двајцата се среќаваат во кафеаната “Боско” во ГУМ, за да вечераат. Потоа, кон 23,30 часот двајцата тргнуваат пеш кон Москворецкијот мост. До нив запира возило, светла боја, од кој излегува човек. Убиецот оди кон Немцов и неколку пати пука во политичарот. Потоа убиецот се враќа во возилото и се оддалечува од местото на убиството “, раскажала Ана пред истражните органи, пренесува Lifenews.ru .

Западната во шок девојката не може да даде точен опис на убиецот, како и каква била марката на автомобилот со кој тој се движел.

Според запознаени веројатно ќе треба да се прибегне кон психотерапевтика, за да биде обновена меморијата на манекенката. “Не е задолжително човек да заработи повреда на главата при судир или удар, за да загуби делумно меморија. При стрес се добива т.н.. Стресна амнезија која преминува во повеќето случаи по некое време”, коментира психотерапевтот Владимир Фајнзелберг.

Откако дала своите искази, младата жена се откажала да биде заштитен сведок. Таа побарала само да се врати што е можно побрзо во родниот Киев. Инспекторите велат дека сакаат повторно да ја испрашаат, бидејќи е клучен сведок на ладнокрвното убиство.

Во моментов Ана се наоѓа во домот на еден од соработниците на Немцов, иако порано денес се појави информација дека истражните органи ја загубиле врската со неа. Домот е под засилена безбедност – Ана не излегува никаде.

Во исто време стана јасно дека Дурицкаја и друг сведок на убиството на Немцов – Виктор М. дале опис на убиецот.
“Бараме маж со раст 170-175 см, нормално телесна градба, краток пострижаб, темнокос. Бил е облечен со сини фармерки и кафеава јакна”, вели извор од истрагата.Инаку, според Интерфакс, руската полиција врши претрес во канцеларијата на Борис Немцов во Јарослав.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1