Внимавајте: Лажни водоводџии ограбиле скопјанка – дојдовме да ги читаме водомерите


Двајца разбојници се претставиле како вработени во водовод и канализација и ограбиле скопјанка.

Додека да ги пушти во домот биле љубезни а откако влегле станале груби и насилни. Зеле нож од кујната и го ставиле под вратот, ја удирале по главата и грбот за да им каже каде се парите. Откако пронашле во ормарот во кујната 500 илјади денари избегале. Едниот  е фатен и завршил во притвор но не го открил својот партнер кој останал непознат за полицијата.  31 годишниот скопјанец еден од 5 мината осомничени разбојници кои деновиве ги фатила полицијата

vodomer

СВР Скопје во иминатиот период по преземени мерки целосно расчисти и документрираше пет кривични дела разбојништо за што против пет лица сите од Скопје на возраст од 26 до 46 години е поднесена кривична пријава до надлежното ОЈО. Пријавените разбојништвата ги извршиле во текот на јануари и фебруари годинава на подрачјето на Скопје. Со закани и употреба на физичка сила, огнено оружје и нож се стекнале со “плен“ од 750.000 денари, Дејана Недељковиќ, портпарол на МВР

38 годишен разбојник  влегол во кука во Скопје преку прозорец. Домаќинката во тој момент спиела. Насилникот ја нападнал со тупаници по главата по што паднала во бесознание. Го собрал накитот и мобилниот телефон и избегал. Жената побарала помош од соседите и со итна помош била пренесена. Осомничениот добил притвор.01032015140133_razbojnistva 01.03.2015

Други тројца скопјани се осомничени за три разбојништва меѓу кои ограбиле и роднини на еден од нив кои неодамна продале стан па мислеле дека парите ги чуваат дома. Со алат ја отвориле вратата од влегле маскирани со фантомки.

Со закана од оружје едниот ги чувал сопствениците во дневната соба. Другите двајца претурале и собирале пари, лап топ накит и гардероба.

На сличен начин со фантомки и оружје но со многу мал плен извршиле грабежи во уште две куки во Скопје. еден завршил во притвор двајца со одземени пасоши.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1