Си одиш на пазар и си одбираш жена: Бугарски пазар за невести (Фото)


Верувале или не, во Бугарија постои пазар на невести. Тој се одржува четири пати годишно, а тогаш младите Роми се собираат на таканаречениот „Саем за млади“ кој се одржува на отворено во градот Стара Загора во Бугарија.

nevesta-bg2-480x320

Овој обичај се одржува веќе децении нананзад и тоа е можност семејството на момчето да најде добра невеста, а семејството на девојката се обидува од бракот да извлечат и некоја парична корист пишува британски Dailymail. На „пазарот“ на млади учествуваат семејства од Стара Загора, каде живеат околу 18.000 Роми. Тие се познати како Калаиџи и традиционално заработуваат за живот од собирање на бакар. Тоа се православни Роми, кои често на 15 годишна возраст ги испишуваат девојчињата од училиштата, за да ги отргнат од искушение.nevesta-bg-480x320

На овој отворен пазар во Стара Загора девојчињата доаѓаат во свое најдобро издание, изразито нашминкани, некогаш и претерано, во нова облека.

Играат на традиционална ромска музика, но освен добра забава и дружење, главните цели сепак се да се пронајде перспективен маж, чие семејство може да го плати миразот на девојчето и тоа од неколку илјади евра. Некогаш најевтината млада била околу 2.500 евра, додека денеска цената е многу пониска поради лошата финансиска состојба и безработицата во Бугарија.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1