Газдата Николиќ се обесил со манила вреќа – Фиком e најголемата афера во градежништвото


Газдата на „Фиком“, Никола Николиќ, во затворскиот тоалет утрво се обесил со манила вреќа, јави Прес 24, повикуваќи се на осуденик од затворот во Штип.

Тој раскажал дека ноќта Николиќ неколку пати излегувал и влегувал во затворската соба, но не забележал некое поразлично однесуваше кај сопственикот на „Фиком“.  nikolic_nikola_0

– Требаше да излезе на викенд. Разговаравме нормално како и секој ден. Имаше проблеми со долгови но велеше дека ќе се среди. Вечерта си легнавме како и секој ден. Ништо не покажуваше дека планира да се убие. Додека бев буден слушнав дека неколку пати излегува од собата. Потоа сум заспал. Утрово околу 5:30 го пронајдовме мртов во тоалетот. Вратата беше заклучена. Се обесил со манила вреќа- рекол затвореникот во телефонска изјава за порталот.

Фиком e најголемата афера во градежништвото а измамени беа стотици граѓани. Еден стан бил продаван на 2..3 .. сопственици, загризаа и адвокати и судии и вработени во полицијата.

Летото 2006 година беше отворена пандорината кутија. Станарите го разоткрија планот на Николиќ полицјата го приведе и од 5ти септември 2006та Никола Николиќ е зад решетки.zgrada divogradba

На 18ти април 2007та падна првата пресуда. И тој и неговата сопруга добија по десет години затвор. Со три години зад решетки беа казнаети и девете агентки од Фиком кој им помагале при продажбата.

Од тогаш до денес се редеа кривичните пријави. Против Никола Николиќ само во скопскиот кривичен суд се воделе 12 предмети за делата измама, даночно затајување и злоупотреба на службената должност. Според пресметките на управата за извршување санкции, Николиќ требало да остане зад решетки до 2031 година, пренесува Сител

Неговиот живот заврши во тоалетот на затворот во Штип. На проблемите на оние на кои им ветуваше модерни станови за евтини пари им нема крај. Надежта не ги напушта, но од нивните платени станови денес стојат само избледени фасадни блокови, оградени и  затворни со катанец.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1